Primena na kognitivno
razvojnite teorii vo vospitno-obrazovniot proces (makedonski)
Vrsta: Seminarski | Broj strana: 30 | Nivo:
Pedagoški fakultet
Вовед
Мислењето е најсложен сознаен психички процес со
кој, на посреден начин, предку оперирање со знаци и со симболи, се осознава
светот околу нас и во нас.
Мислењето е психичка функција и служи за
задоволување на биосоцијалните и сознајните потреби на човекот. Оваа високо
диференцирана функција на мозокот помага на човекот да ги запознае случувањата
во реалниот свет. Со помош на мислењето човекот се запознава со стварноста,
успева првилно да ги согледа предметите и појавите кои го опкружуваат, да ги
воочи нивните односи и врз основа на тоа да се направи заклучок, кој во крајна
мера му служи за правилна орентација во животот.
Помеѓу мислењето на возрасните и мислењето на
детето постојат големи разлики. Овие разлики не се само квантитативни, разлики
во интензитетот, туку се пред се квалитативни разлики во начинот на мислењето.
Структурата на мислењето кај децата и структурата на мислењето кај возрасните е
различна.
Појава на когнитивистите
На почетокот на векот се појаваат
когнитивистите, особено развојните когнитивисти Жан Пијаже и Лев Виготски.
Бидејки големи дела не стануваат преку ноќ, на Пијаже му требаа четири децении
додека да ја изгради својата теорија на когнитивниот развој на децата и
адолесцентите, така што дури околу 1950 години ја имаме теоријата на стадиумите
на когнитивниот развој.
Што се однесува до Виготски, неговите дела беа
ставени под ембарго со една декларација на Сталин 1936 година тие се
ослободуваат од научното ембарго, се преиздаваат, се преведуваат на англиски и
доживуваат голем успех. Виготски постхумано станува ценет психолог чија теорија
на културно-историскиот развој на психичкиот живот "влезе" во
учебниците по психологија на запад, неговите идеи допрва се разработувват во
психолошките лабаратории ( најголеми лабаратории се учебниците ) и се враќаат
во централна и источна Европа и целиот свет повеќекратно применети во образованието,
во современата настава.
Сепак, постоењето на така блескави идеи не би го
унапредувале образованието ако Брунер не вложил напор и селективно не го
прифатил од двајцата големи теоретичари се она што е применливо во школското
учење и теоријата на наставата.
Нов концепт на настава
Со Брунер започна еден нов бран истражување во
образованието и создавањето една нова настава во која се повеќе доаѓа до
приближување на методите на поучување, ( наставните методи ) со учењето на
учениците (методите на учење ). Се појавуваат мислења дека ученикот мора да учи
во текот на наставниот процес но не само по пат на методи на учењето туку и по
пат на маставните методи. Наставата не е предавачка настава, традиционалната
настава, туку активна настава, која треба да завзаме свое место во училиштата
не истиснувајќи ја сосема и традиционалната настава.
---------- CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ----------
MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: [email protected]
maturski.org Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.maturski.org, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!